Sarp Özer
09 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турските воздушни сили извршија воздушни напади и уништија најмалку осум упоришта на терористичката организација ПКК на периферијата на подрачјето Лиџе во југоисточната област Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушната акција против терористите и сепаратистите на ПКК во Дијарбакир е извршена синоќа и дека сите авиони се вратиле во базата по успешно извршената задача.
Операцијата е извршена на база за разузнавање на терористите, во планинските подрачја, а меѓу осумте уништени позиции има засолништа, бункери и складишта со оружја.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и во САД.
Станува збор за организација што својата воена кампања против Турција ја интензивираше во јули 2015 година, а турските безбедносни сили спроведуваат опсежни операции против тие терористички елементи во југоисточниот дел на земјата и во северниот дел на Ирак.
Покрај Турција, ПКК дејствува и во соседен Ирак, каде што наоѓа главното упориште на терористите на планината Кандил, а во северниот дел на Сирија дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.