Sertaç Bulur
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) уништија воена позиција, засолниште и складишта со муниција и оружје на припадниците на терористичката организација ПКК во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека Вооружените сили ја продолжуваат борбата против припадниците на сепаратистичката организација во северен Ирак.
Воздушните сили вчера извршија воздушна акција на упориштата на ПКК во подрачјето на Зап.