Yasemin Kalyoncuoğlu
05 Септември 2022•Ажурирај: 06 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале да ги нападнат регионите „Извор на мирот“, „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на министерството за одбрана се нагласува: „Турски вооружени сили ефективно и решително ја продолжуваат својата борба против терористите. Нашите херојски командоси неутрализираа 6 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвуваа да ги нападнат регионите „Извор на мирот“, „Штитот на Еуфрат“ и „Маслиновa гранка““.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.