Турските дронови Бајрактар ќе се извезуваат во Индонезија
Договорот е еден од десетината договори потпишани на маргините на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Индонезија

ИСТАНБУЛ (АА) - Беспилотните летала Бајрактар на турскиот одбранбен производител Бајкар ќе бидат извезени во Индонезија како дел од склучен договор, јавува Анадолу.
Извршниот директор на Бајкар, Халук Бајрактар, и основачот на Републикорп (Republikorp), Норман Џусуф, денес потпишаа договор за заедничко производство за извоз на беспилотните летала Бајрактар ТБ3 и Акинџи.
Договорот е еден од десетината договори потпишани на маргините на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Индонезија.
Според извор, во Индонезија ќе бидат извезени 60 дронови Бајрактар ТБ3 и девет Бајрактар Акинџи.
ТБ3 е напреден модел на дронот ТБ2, кој е продаден во рекорден број земји низ светот.
Со својата структура на преклопни крила, Бајрактар ТБ3, пак, е способен да полетува и слетува од бродови со кратки писти.
Беспилотното летало Акинџи има голема моќ на одвраќање на бојното поле поради неговите можности за голема височина, продолжената издржливост и разновидните опции за носивост. Исто така, им помага на тимовите за хуманитарна помош за време на мисиите за пребарување и спасување, при земјотреси и пожари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.