Eren Bozkurt
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ОСМАНИЈЕ (АА) - ЕРЕН БОЗКУРТ -
Турските полициски тимови за специјални операции се позиционирани во набљудувачките кули на два рида на планината Аманос каде што е зададен голем удар врз терористичката организација ПКК, а овие тимови и за време на месецот на постот, Рамазан, со одлучност држат стража на оваа планина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицајците при Одделот за специјални операции при Градската полициска дирекција својата должност ја извршуваат на ридовите Бајрактепе и Санџактепе на планината Аманос.
Овие специјални тимови под тешки природни услови работат во насока на борба против терористите во овие подрачја.

Специјалните полицајци кои се познати и како „Орли на Аманос“, во борба против тероризмот се целосно опремени со оружје од домашно производство.
Во овие краишта стража се држи 24/7, со цел обезбедување на мирот и безбедноста на народот.
„Орлите на Аманос“ се речиси кошмар за терористите на оваа терористичка организација.
Полицајците својата должност ја извршуваат и за време на месецот на постот, Рамазан.