Barış Gündoğan
02 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
АНКАРА (AA) - Турските вооружени сили (TCK) во операциите изведени во текот на изминатата недела неутрализираа вкупно 124 терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Република Турција се наведува дека во период од 26 октомври до 1 ноември се изведени операции против припадниците на терористичката организација ПКК/КЏК на подрачјето на Сирт, Дијарбакир, Мардин, Ширнак, Хакќари, Мус и северот на Ирак.
Наведено е и дека во споменатите операции се неутрализирани 124 терористи.
Освен тоа, во операциите на турските сили уништени се значителни количини оружје и муниција што им припаѓала на терористите.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планините Кандил, Гара, Мерина, Авашин-Басјан, Хакурк и Зап се наоѓаат на северот на Ирак, по должината на ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за колевка на терористичкото движење ПКК.