Merve Yıldızalp
01 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Во вооружен напад од страна на припадници на терористичката организација ПКК во тек на антитерористичка акција во Сур, во југоисточна Турција, загинаа двајца војници а тешко е ранет еден војник и двајца полицајци, објави Генералштабот на Република Турција, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во соопштението се наведува дека во акцијата насочена против терористичката организација ПКК, сериозно беа повредени тројца војници и двајца полицајци, но дека и покрај сите напори на лекарите, двајца војници, утринава во осум часот по локално време, починале.
Во соопштението се изразува сочувство до семејствата на загинатите припадници на вооружените сили на Турција и на целиот турски народ, а беше изразена и желба за брзо закрепнување на повредените.