Hamdi Çelikbaş
15 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Турските воздушни сили синоќа ги гаѓаа новооткриените засолништа на ПКК во планинските периферии на југоистокот во Ширнак и притоа убија најмалку четворица терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска утрово соопшти дека воздушните напади биле успешни и дека се уништени засолништа на кои терористите на ПКК подготвувале нови терористички напади во Турција.
Министерството за внатрешни работи на Турција вчера соопшти дека во антитерористичка акција започна та на 2.ноември исто така во Ширнак е убиен 31 припадник на терористичка организација ПКК, а меѓу нив е и Хулја Едоглу која го користела кодното име „Гулбахар".
Станува збор за член на таканаречениот Петочлен извршен совет на терористичката група ПКК/КЏК која се наоѓа на Црвената листа на барани терористи и единствена е од таа листа која се наоѓа во рамките на границите на Турција.