Ekipa
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку шест терористи на ПКК се неутрализирани во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тројца терористи на ПКК се неутрализирани во воздушна операција во подрачјето на Зап и Кандил, во рамките на операцијата „Канџа““, истакна Министерството на Твитер.
Во претходна објава на Твитер, Министерството соопшти дека се неутрализирани тројца терористи во северен Ирак како дел од антитерористичката операција спроведена со помош на военото воздухопловство.
На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористите на ПКК во регионот Хакурк во северен Ирак, која беше проследена со втора и трета фаза во јули и август.
Според Министерството, во последните четири месеци неутрализирани се над 400 терористи во северен Ирак.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.