Muhammed Boztepe
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција го даде следното соопштение во врска со нападот на ПКК/ЈПГ врз Рас ал Ајн:
„Терористите на ПКК/ЈПГ со повеќецевни ракетни фрлачи, минофрлачи и големокалибарски митролез ДШК извршија напад врз нашите елементи кои спроведувале извидување/надзор на подрачјето на Рас ал Ајн. Во нападот животот го загуби еден наш припадник, а петмина се ранети. Во рамките на правото на легитимна самоодбрана даден е соодветен одговор, а идентификуваните цели се неутрализирани.“