Zehra Nur Düz
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција размени информации и се координираше со Соединетите Американски Држави (САД) пред американската операција за елиминирање на терористичкиот водач во северозападна Сирија, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Пред синоќешната американска операција во Идлиб, Сирија, имаше размена на информации и координација меѓу надлежните воени органи на двете држави“, соопшти Министерството на Твитер.
„Водачот на терористичката организација ДЕАШ, чие место за живеење е непознато веќе некое време, е мртов“, објави рано утринава американскиот магазин „Њусвик“ (Newsweek).
Цитирајќи два анонимни извори од Пентагон и американската Армија, „Њусвик“ вели дека американската војска спровела специјална операција против Ебу Бекр ал Багдади во сириската северозападна покраина Идлиб.
Американскиот претседател Доналд Трамп, синоќа, кога според списанието завршила операцијата, на Твитер напиша: „Штотоку се случи нешто многу големо!“.
„Трамп ја одобри операцијата речиси една недела пред нејзиното реализирање“, се вели од „Њусвик“.
Извор од Пентагон истакнал дека Багдади е „мртов во очекување на верификација“.
Локацијата и статусот на Багдади беа мистерија, а повеќепати се говореше дека тој е убиен на различни боишта во Ирак и Сирија.