Sibel Uğurlu
23 Септември 2018•Ажурирај: 23 Септември 2018
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во југоисточната турска област Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на гувернерот на областа се истакнува дека жандармериските сили спровеле антитерористичка операција во руралното подрачје на Лиџе.
Безбедносните сили, исто така заплениле одредено количество оружје и муниција.
Од канцеларијата на гувернерот додаваат дека антитерористичките операции во регионот се во тек.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на теорористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе.