Orhan Onur Gemici
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ПКК откриени во регионите Зап и Авашин Басјан на северот на Ирак, се неутрализирани со воздушните операции на Турските вооружени сили (ТСК), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за национална одбрана на Турција на профилот на Твитер соопшти дека операциите против терористичката организација ПКК продолжуваат решително.
Во рамките на тие операции, неутрализирани се двајца терористи на ПКК откриени во регионите Зап и Авашин Басјан во северен Ирак.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.