Abdullah Yıldız
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
КИРШЕХИР
Турските сили приведоа девет лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Екипите на антитерористичка полиција ги приведоа осомничените, сите ирачки државјани, во истовремени операции во областа Киршехир поради наводи за терористички активности во Ирак, соопштија изворите кои побараа да останат анонимни поради ограничувањата да зборуваат за медиумите.
За време на рациите се запленети фотографии и документи, кои покажуваат дека осомничените се активни во различни единици на терористичката организација во Ирак.
Во 2013 година, Турција стана една од првите држави кои ја прогласија ДЕАШ за терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ изведоа повеќе напади во Турција во кои животот го загубија над 300 лица, а стотици беа повредени, и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади.
Како одговор, Турција започна воени и полициски операции во рамки на земјата и надвор од неа, со цел да спречи понатамошни напади.