Burak Bir
27 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА
Турските сили приведоа седум лица кои се сомничат за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обвинителите во главниот град Анкара издадоа налози за приведување на осомничените“, велат извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.
Во 2013 година Турција беше меѓу првите земји што ја ставија ДЕАШ на листата на терористички организации.
Земјата досега повеќепати беше цел на нападите на ДЕАШ и тоа на најмалку 10 самоубиствени напади, 7 бомбашки напади и на 4 вооружени напади, во кои загинаа најмалку 315 луѓе, а стотици беа повредени.
Турските безбедносни сили спроведуваат одлучна борба против терористичката организација во земјата, како и надвор од неа.