Şafak Yel
07 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 37 нерегуларни мигранти што грчките сили на чамци ги потиснале кон територијалните води на Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на гувернерот на турската област Измир соопшти дека мигрантите се спасени и евакуирани на копно во местото Чешме.
Во соопштението се наведува дека од спасените мигранти 25 лица се од Либија, 9 од Јемен и тројца од Еритреја.
Во исто време, турската жандармерија на копното извлече и 31 мигрант од Јемен, чиј чамец во местото Урла го сними патролно беспилотно летало.
На мигрантите им е укажана помош и евидентирани се во измирската Управа за миграции. Од мигрантите поголемиот дел биле жени и деца.