Tolga Yanık
09 Јули 2021•Ажурирај: 10 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турското борбено беспилотно летало „Бајрактар Акинџи“ собори нов рекорд во земјата со летање на надморска височина од 38.039 стапки (11.594 метри) и останување во воздух 25 часа и 46 минути, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според одбранбената компанија „Бајкар“, борбеното летало без екипаж (UCAV) е проект предводен од Претседателството на одбранбените индустрии на Турција, а тестирањето на летањето на долги релации и перформанс на голема надморска височина се одржало во присуство на официјални делегации.
За време на тестирањето во Центарот за обука и тестирање на летови „Акинџи“, леталото досега поминало 7.507 километри во воздух, изведувајќи 870 одбранбени напади за време на тестовите со реализирани вкупно 347 часа и 28 минути лет.
Дронот „Бајрактар Акинџи“ го изврши својот прв лет на 6 декември 2019 година. Тест-активностите спроведени во Центарот во северозападната команда на Аеродромот „Корлу“ се спроведуваат со уште три други прототипови.