Nazlı Yüzbaşıoğlu
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
ХЕЛСИНКИ
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во службена посета на Финска, јавува Агенција Анадолија (АА).
На самиот почеток на посетата, Чавушоглу се состана со претставниците на турската заедница во таа држава.
„Во Хелсинки се состанавме со нашите граѓани. Задоволни сме со придонесот на нашите луѓе во финското општество, горди сме на нивниот успех“, објави шефот на турската дипломатија на Твитер.
Тој додаде дека се состанал и со челникот на заедницата на Татарите, Голтен Бедретин.