Ahmet Sertan Usul, Sarp Özer
03 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана соопшти дека во зоните на операциите во Сирија во текот на септември неутрализирани се 148 терористи, меѓу кои и терористи на ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Службеничката за анализа и евалуација при Канцеларијата за односи со медиумите на турското Министерство за одбрана, Пинар Кара, на прес-конференција ги сподели деталите за борбата против тероризмот во текот на изминатиот месец.
Кара истакна дека во септември фатени се 1.388 лица во обид илегално да ги преминат турските граници, како и дека 27.686 лица се спречени илегално да преминат на турска територија.
Кара рече дека од 24 јули 2015 година до денес неутрализирани се вкупно 18.549 терористи.
„Од почетокот на оваа година неутрализирани се 2.081 терорист. Во септември, во земјата и надвор од неа изведени се вкупно 21 операција, четири големи и 17 средни. Во зоните на операциите во Сирија во текот на септември неутрализирани се 148 терористи“, рече Кара.
Таа нагласи дека е спроведена и голема борба против криумчарењето.
Истакна дека преку дипломатски пат се преземаат иницијативи против илегалниот, провокативен и агресивен став на Грција, и дека на терен се дава потребниот одговор во рамките на реципроцитетот.