Aykut Karadağ
02 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Тројца терористи на ЈПГ/ПКК се предадоа на Турските вооружени сили, како резултат на кампањата на убедување на турската полиција и Националната разузнавачка служба (МИТ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека терористите продолжуваат да ја напуштаат терористичката организација ПКК.
Во овие рамки, како резултат на убедувањето на турската полиција и Националната разузнавачка служба (МИТ), тројцата терористи на ПЈД/ЈПГ, со иницијали Г. Д., Е. Ј., Н. М., денеска се предадоа на турските безбедносни сили.
Г. Д. во структурите на терористичката организација се вклучил во 2011 година, додека Е. Ј. во 2014 година.
Од 1 јануари досега, 75 терористи на ПКК со методот на убедување се предадоа на Турските вооружени сили.