Ferdi Türkten
02 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ПКК/КЏК се неутрализирани во операцијата што вчера ја спроведе турската Национална разузнавачка служба (МИТ) на северот на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ вчера спровела операција во регионот Гара во северен Ирак.
Во операцијата неутрализирани се двајца терористи на ПКК/КЏК.
Терористите на ПКК го користат подрачјето на северен Ирак за планирање прекугранични терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.