Handan Kazancı
28 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Најмалку 11 нерегуларни мигранти се задржани во северозападна Турција, во близина на границата со Бугарија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дејствувајќи по дојава, жандармериските сили фатија нерегуларни мигранти - државјани на Палестина и Сирија - во подрачјето на Демирџикој во областа Киркларели.
По рутинските процедури, тие се префрлени во центарот за репатријација.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонство.
Турција згрижи речиси 4 милиони бегалци, од кои над 3,6 милиони Сиријци, најмногу од која било друга земја во светот.