САРАЕВО (AA) - Со предавање на околу 700 учесници во обидот за пуч лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ кои го држеа во блокада комплексот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција во Анкара, како и со низа акции на апсења на помали групи на луѓе кои учествувале во пучот, завршен е поголемиот дел на акции на турските безбедносни сили со цел потполна стабилизација на приликите по обидот за воен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Група припадници на турските вооружени сили лојални на терористичката организација Фетулахџи/ Паралелна структура (ФЕТО/ПДЈ) која ја води Фетулах Ѓулен во петок навечер се обиде да изведе државен удар во Турција, но турските безбедносни сили со поддршка на граѓаните кои во голем број излегоа на улиците, спречија уривање на демократски избрана власт.
Во таа прилика загинаа најмалку 104 извршители на обидот за државен удар лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, додека од другата страна загинаа најмалку 161 лице меѓу кои припадници на турските безбедносни сили и цивили. Ранети се вкупно 1.440 лица.
Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик изјави денес во попладневните часови во Анкара дека властите на Турција во потплност ја контролираат ситуацијата по синоќешниот обид за пуч.
Инаку, се започна во петокот вечерта околу 21 часот кога група војници влезе на Меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул, ја бомбардираше зградата на Големото народно собрание на Република Турција во Анкара и кога со тенкови го блокираа Мостот на Босфор. Илјадници граѓани на Турција излегоа на улици спротивставуајќи му се на пучот и поддржувајќи ја актуелната власт.
Бројни граѓани се собраа околу полноќ пред резиденцијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим за да им упатат пораки на поддршка во борбата против групата која во Анкара и Истанбул се обиде да изведе пуч против Владата на Турција и нејзините граѓани.
Илјадници граѓани излегоа и на улиците во речиси сите поголеми градови во Турција вклучувајќи ја Анкара, Истанбул, Измир, Коња, Адана и другите градови. Собраните граѓани го осудија обидот за бунт и ја поддржаа владата во намера да го зачува мирот и стабилноста на земјата.
Покрај граѓаните поддршка на турските власти упатија и бројни невладини организации и политички партии. Поддршка на Турција упатија и лидерите на најголемите опозициски партии.
По повеќечасовната блокада на истанбулскиот Мост на Босфор , војниците лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ и се предадоа на турската полиција.
Во раните утрински часови состојбата во земјата се стабилизираше. Потоа следуваа апсењата и суспензиите на сите кои беа поврзани со обидот за државен удар
Обвинителството на Република Турција изаде налози за апсење на службениците на правосудството кои беа во врска со иницијаторите за обид за воен пуч и терористичката организација Фетулахџи (ФЕТО/ПДЈ), како и за апсење на генералите, адмиралите, офицерите, подофицерите и другите официри на војската кои беа членови на таканаречениот "Комитет за спокој во земјата".
Врховниот совет на судии и обвинители на Република Турција (HSYK) суспендираа 2.745 судии од различни судови кои се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО.
Во рамките на истрагата во обид за државен удар во Турција, уапсени се околу две илјади воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.
Полицијата во Малатија го уапси армискиот генерал Адем Худути и командантот на гарнизонот во Малатија генерал-мајорот Авни Ангун, за кои се претпоставува дека учествувале во организација на обидот за воен удар.
Во рамките на истрагата за обидот на државниот удар во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, приведен е членот на Уставниот суд на Република Турција Ердал Терџан. Него го приведоа екипите за борба против криумчарење и организиран криминал.
Во акцијата во Четвртата Воздуплоховна база Акинци против припадниците на вооружените сили лојални на терориситчката организација ФЕТО/ПДЈ, ослободен е главниот командант на жандармеријата Галип Менди, кои потоа се врати на функција.
Инаку во текот на акцијата во воздухопловната база предадени се 67 војници учесници во обидот за пуч лојални на терористичката организација ФЕТО.
Тенковите пред зградата на полицијата во главниот град на Турција Анкара, кои терористите ФЕТО/ПДЈ кои ги користеле во прилика на обидот за државен удар, вратени се во касарна. Најмалку пет тенкови пред зградата на полицијата во Анкара, со придружба на војската и полицијата, префрлени се во касарната "Генерал Ешреф Акинџи", со помош на пет камиони.
Транспортот на тенковите во касарната го следеа и бројни жители на Анкара, носејќи државни знамиња на Турција. Во таа прилика можеа да се слушнат и различни пароли против пучистите.
Животот се враќа во нормала во Турција. По запирањето на летовите на Turkish Airlines повторно се воспоставени сите летови и услуги на истанбулскиот аеродром "Ататурк".
Во соопштението на "Turkish Airilines" наведува дека сите летови се продолжени во 14.30 часот по локално време, додавајќи дека патниците своите резервации можат да ги сменат бесплатно.
Откако во петок вечерта помала група војници лојална на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обиде да изврши државен удар во Турција, "Turkish Airlines" откажа 925 домашни и меѓународни летови.
Во вечерашното обраќање претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги повика американските власти да го испорачаат на Турција Фетулах Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.