Kübra Chohan
30 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Вкупно 10 терористи на ПКК се неутрализирани за време на антитерористичките операции во северен Ирак, соопшти Турската армија денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објава на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер, турскиот Генералштаб соопшти дека операциите биле спроведени на 29 јули против терористите на ПКК во северниот ирачки регион Метина.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 лица, вклучувајќи жени и деца.