Mehmet Yavaş
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - При обид за илегален премин од турскиот град Чанаккале на грчкиот остров Лезбос, фатени се 54 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за бегалци од Сирија, Авганистан, Конго и од Гамбија кои пронашле спас во Турција од земјите зафатени со војна.
Екипите на крајбрежната стража по дојавите спровеле операција на бреговите на селото Бехрамкале, каде што во полињата со маслинови дрвја и вили во изградба, пронашле 54 скриени лица.
Фатените лица се предадени на Одделот за депортација на странци во Ајваџик, Чанаккале.