Zehra Aydın
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
БАТМАН (АА) - Историското турбе на Зејнел-бег, старо околу 550 години, е транспортирано денес на нова локација во областа Батман, на југоисточниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Објектот во целина беше одвоен од подлогата и поставен на платформа со помош на хидраулични дигалки, за да биде преместен од зоната предвидена за изградба на брана, со што е избегната можноста за какво било оштетување на тој историски камен споменик, со висина од над 15 метри и вкупна маса од повеќе десетици тони.
Турбето е транспортирано со користење на вкупно осум самоодни транспортни модули.
Транспортот од два километри траеше околу три и пол часа.
Поставувањето на објектот на нова подлога ќе трае околу три дена.