Muhammed Ali Toruntay
16 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на жртви од поплавите во турскиот Црноморски Регион се искачи на 71, соопштија денес властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поплавите предизвикани од обилните дождови го погодија црноморскиот регион Кастамону во северниот дел на земјата во средата, при што во областа Кастамону загинаа 60 лица“, се вели во соопштението на Агенцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
„Други десет лица загинаа во областа Синоп, заедно со уште едно лице во областа Бартин. Лекувањето на осум лица продолжува во болниците“, додава АФАД.
„Вкупно 341 лице во Бартин, 1.480 во Кастамону и 560 во Синоп се евакуирани во безбедни области“, додаде Агенцијата за справување со катастрофи.
АФАД исто така објави дека 47 лица се пријавени за исчезнати во Синоп и Кастамону.
„Продолжуваат напорите за спасување и помош во областите погодени од поплавите со персонал од 8.092 лица, 1.063 возила, 21 хеликоптер, 81 амбулантно возило“, се додава.
Во петокот, претседателот Реџеп Таип Ердоган го посети подррачјето на Бозкурт во Кастамону, најпогодената област од поплавите. Ердоган објави дека погодените места се прогласени за зони на катастрофа.