Salim Taş
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
ХATAJ (АА) - Во судир на минибус и камион, во турската област Хатај, десет лица загинаа, а осуммина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА дознава дека во минибусот, кој се судрил со камионот во подрачјето на Алтиноз, се наоѓале странци.
Повредените лица се пренесени во блиската болница.
Надлежните служби се на терен и вршат увид.