Erdinç Aksoy
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
OСМАНИЈЕ (AA) - Во операција поддржана од воздух извршена на периферијата на планините Аманос во подрачјето на Османије, јужна Турција, неутрализирани се шестмина припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили за време на операцијата против терористичката организација ПКК на периферијата на Аманос забележаа група терористи, по што беше спроведена воздушна акција.
Покрај неутрализирањето на шест терористи, запленето е и оружје и фрлачи на ракети кои припаѓаа на припадниците на терористичката организација.
Активностите за пребарување на теренот продолжуваат.