Sarp Özer
21 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
ШИРНАК (АА) - Во антитерористичките акции во населените места Чизре и Силопи, во покраината Ширнак, во југоисточниот дел на Турција, убиени се 87 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Чизре се убиени 80, а во Силопи седум терористи, додека десет се приведени.
При изведувањето на акцијата, повредени се 23 припадници на безбедносните сили, од кои 13 се полицајци.
Судирите на ова подрачје, помеѓу силите за безбедност и терористите сè уште траат. Противдиверзантската единица уништи 13 експлозивни направи и отстрани 85 барикади.
Извршени се 596 претреси во Силопи и 53 претреси во Чизре.
Терористите во Силопи запалија основно училиште и неколку здравествени установи.
Во местото Шур, во покраината Дијарбакир, исто така во југоисточниот дел на Трција, неутализирани се седум, а во местото Даргечит, во покраината Мардин неутрализирани се десет терористи.
Во антитерористичките акции во Ширнак, Мардин и Дијарбакир, во последните неколку дена убиени се 104 терористи.