İbrahim Uzun,Ferdi Uzun
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
АЈДИН (АА) - Турската крајбрежна стража и жандармеријата во покраината Ајдин, на западниот дел од земјата, фатија 206 мигранти при обидот нелегално да заминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од местото Давутлар, кое припаѓа на Кушадаси, мигрантите со гумени чамци се обиделе да преминат на грчките острови. Екипите што ги стопирале чамците фатиле 166 лица со потекло од Сирија и од Авганистан.
Екипите на жандармеријата од Кушадаси и Соке фатија девет Авганистанци и 31 Сириец при обидот за заминување во Грција по нелегален пат.
Мигрантите ќе бидат предадени на Канцеларијата за миграции на покраината Ајдин.
Екипите на жандармеријата запленија глисер, а се трага по лице за кое се тврди дека го организира нелегалниот влез во Грција.