Denizhan Güzel
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
ИЗМИР (АА) - Екипите на Турската крајбрежна стража фатија четириесет и двајца мигранти кои на илегален начин од Чешме, во западниот дел на земјата, се обиделе да преминат во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите имале намера со гумен чамец нелегално да преминат на грчкиот остров Хиос.
Групата мигранти составена од тројца државјани на Камерун и 39 Сиријци, беше вратена во Чешме.
На мигрантите што не се чувствуваа добро им беше дадена прва помош, а потоа се префрлени во државната болница.