Necat Hazar
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ВАН (АА) - Од експлозија на бомба поставена од страна на терористи на ПКК во една улица во округот Ипекјолу, близу Ван, загинаа двајца полицајци, а еден е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).
Се дознава дека екипи на обласната полициска станица започнале акција по добиените информации дека терористи поставиле рачно изработен експлозив на улицата Карлиова.
На местото дошле експерти за деактивирање на бомби, но истата експлодирала додека се обидувале да ја деактивираат. Од експлозијата загинале двајца полицајци, а еден е ранет.
Во регионот започна акција за приведување на терористите, поддржана од воздух.