Cankut Taşdan
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во акциите што во текот на изминатата недели беа извршени во земјата, биле неутрализирани 46 терористи, од кои 29 се убиени, 11 се предале, а шестмина се уапсени, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците на турското МВР покажуваат дека од 11 до 18 септември, во рамките на борбата против терористичките организации, изведени се 1.126 операции.
Поради информации дека им помагале на терористите приведени се 103 лица, поради сомнеж дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ 32, во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО 774 и во рамките на борбата против левичарските терористички организации 54 осомничени лица.
За време на операциите во Дијарбакир, Мардин, Игдир, Сивас, Сирт, Бинѓол, Тунџели, Хакќари и Ширнак, уништени се 28 засолништа и пештери, како и 49 експлозивни направи.
Припадниците на безбедносните сили запленија 191 килограм материјал што се користи за изработка на експлозиви, 134 рачни бомби, 4.067 парчиња муниција и 34 парчиња оружје.
Против нарко-мафијата, во 79 градови извршени се 2.316 акции во текот на кои, меѓу останатото, запленети се 2.292 тона марихуана, 298 килограми хероин, 99.108 стебленца индиски коноп и поголема количина останати опојни средства. Приведени се 2.991 лице.
Во рамките на борбата против илегалните миграции, фатени се 10.071 лица, од кои 665 во морето, а приведени се 93 лица осомничени дека се занимавале со организирање на илегален премин на границите.