Halil Demir
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција во Истанбул, Турција, организирана против криумчарење на наркотици запленети се 285 килограми хероин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимови на Одделот за борба против трговија со наркотици во Истанбул започнаа истрага врз основа на дојава дека мрежа, поврзана со странство, ќе стави во промет дрога во Турција.
Во рамки на акцијата организирана на 23 октомври на две адреси во Есенјурт и Шишли во Истанбул приведени се три лица.
При претресот запленети се 285 килограми хероин.
Приведените лица по процесуирањето се предадени на судот и одредено е нивно задржување во притвор.