Niğmet Koşarhan
10 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
ХАКАРИ (АА) – Четири војници загинаа, а еден е повреден во терористичкиот напад кој беше изведен во месноста Шемдинли во Хакари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори, припадниците на терористичката организација ПКК, извршиле детонација на експлозивот, кој бил претходно поставен на патот, во моментот кога покрај него поминувало военото возило.
При експлозијата, четворица од војниците кои се наоѓале во возилото загинале, додека еден бил ранет.
Во областа започната е операција за пронаоѓање на сторителите.