Турција: Во обид илегално да премине во Грција, фатени 236 мигранти
Станува збор за мигранти од Сирија, Алжир, Мароко, Пакистан, Индија, Авганистан, Ирак, Виетнам и Бангладеш
Cihan Demirci
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ЕДИРНЕ (АА) - Во обид илегално да преминат од Турција во Грција, беа фатени 236 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според турската крајбрежна стража, меѓу фатените илегални мигранти се наоѓаат шверцери кои се обиделе да ги пренесат од Турција на некој грчки остров.
Станува збор за мигранти од Сирија, Алжир, Мароко, Пакистан, Индија, Авганистан, Ирак, Виетнам и Бангладеш.