Miraç Kaya
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Четиринаесет лица загинаа, додека осумнаесет лица се повредени при превртување на патнички автобус во турската област Баликесир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патничкиот автобус што се движел од Баликесир кон подрачјето на Едремит, излегол од контрола и се превртел.
Како резултат на оваа несреќа смртно настрадаа вкупно 14 лица, од кои на местото на настанот загинале 11, додека три лица им подлегнаа на повредите во болница.
Во несреќата се повредени 18 лица, кои се пренесени во 5 различни болници.
Во тек е истрага во врска со случајот.