Mehmet Emin Gürbüz
21 Октомври 2021•Ажурирај: 23 Октомври 2021
БОЛУ
Во паркот на природата Ѓолџук, познат по своите природни убавини, преовладуваат есенските бои, јавува Агенција Анадолија (АА).
Областа Болу е позната како „шумско море“ бидејќи 65 проценти е покриена со шуми од дрвја како што се кедар, чинар, ела, даб и бука.
Со доаѓањето на есента во шумите во областа преовладуваат волшебните есенски бои.
Во природниот парк Ѓолџук, кој е оддалечен приближно 13 километри од центарот на градот, испреплетени се жолтите, зелените и кафеавите тонови.
Природниот парк Ѓолџук е познат по тоа што добива поинаква убавина во сите четири годишни времиња.
Паркот, исто така, на своите посетители им нуди можност да се прошетаат околу езерото и да уживаат во волшебните есенски бои.
Боите на есента во природниот парк Ѓолџук се снимени со дрон.