Eşber Ayaydın
17 Јануари 2019•Ажурирај: 19 Јануари 2019
ИЗМИР (АА) - Врнежите од снег кои ги зафатија речиси сите предели на Турција, во бело ги обоија и високите подрачја на областа Измир. Висорамнината Ѓолџук, што се наоѓа во руралните подрачја на Одемиш, е покриена со бела покривка, јавува Anadolu Agency (AA).

Шумата и езерото сместени на висорамнината што се наоѓа на надморска висина од 1.049 метри се покриени со снежна покривка, создавајќи прекрасни глетки како од разгледници.

Населението од подрачјето на Измир кое посака да ужива во езерото, шумата и белата покривка, пешачејќи низ подрачјето, ги овековечи прекрасните пејзажи преку фотографии.

Боздаг, со снегот со кој е прекриен, создаде прекрасна слика.
Од друга страна, екипите на општина Измир продолжуваат со расчистувањето на патиштата прекриени со снег, а еснафот го расчистува снегот од пред дуќаните.