İlhami Çetin,Mehmet Emin Gürbüz
14 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
БОЛУ (АА) - Висорамнините на Паркот на природата Абант, кој е познат по природните убавини, покриени се со бел прекривач, јавува Агенција Анадолија (АА).
Паркот на природата, кој е оддалечен околу 35 километри од центарот на градот, е омиленото место на домашните и странските туристи.
Дебелината на снежната покривка достигна до еден метар поради обилните врнежи од снег во последната недела.
Екипите на Општина Болу продолжуваат со напорите за чистење на снегот во Паркот на природата, околните села и на пешачките патеки.
Оние кои ги претпочитаат Паркот и изворите за еднодневно патување или престој, уживаа во одморот со пешачење, јавање на коњи и возење на пајтони.
Паркот на природата и неговата околина, како и снежната убавина на висорамнината Самат, беа снимени со помош на дрон.