Emrah Yaşar
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
ЕСКИШЕХИР (АА) - Според првичните сознанија 13 лица смртно страдаа, додека 42 лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во турскиот град Ескишехир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, патнички автобус кој патувал од главниот град на земјата, Анкара, кон Бурса удрил во дрвја на автопатот Ескишехир-Бурса.
Во несреќата загинаа најмалку 13 лица, а 42 лица се повредени. Повредените лица се пренесени во болница.