Firdevs Bulut
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА
Турција ги укина забраните за влез и излез за турските и странските државјани, освен преку копнената граница на земјата со Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ваквиот потег следуваше по состанокот на Владата кој го предводеше претседателот Реџеп Таип Ердоган за позитивните случувања во борбата против коронавирусот (Ковид-19).
Авионските патувања ќе се координираат во соработка со министерствата за здравство, надворешни работи и сообраќај. Турските и странските државјани кои влегуваат во Турција ќе мора да поминат здравствени прегледи.
Влегувањето и излегувањето ќе биде во согласност со мерките кои ги презедоа министерствата за внатрешни работи, здравство и сообраќај.
Новата наредба е проследена во сите региони во Турција.
Во Турција во изминатите 24 часа се потврдени 987 нови случаи на заразување со Ковид-19, додека од последиците починаа 17 лица, а се опоравија 1.021 лице.