Uğur Çil
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи го осуди терористичкиот напад извршен во културниот центар во авганистанскиот главен град Кабул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се истакнува дека со жалење дознале оти голем број лица го загубиле својот живот и се повредени во терористичкиот напад во Кабул.
„Го осудуваме овој суров терористички напад. Од Бога бараме милост за загинатите, на ранетите им посакуваме побрзо закрепнување и упатуваме сочуство до авганистанската влада и до авганистанскиот народ“, се истакнува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.