Ahmet Sait Akçay
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ИЗМИР (АА) - Официјално безбедносно лице истакна дека турската крајбрежна стража притворила 42 мигранти без документи во западна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Мигрантите, меѓу кои има и жени и деца, биле приведени во подрачјето Чешме, во областа Измир, откако единиците на крајбрежната стража запреле гумен чамец кој се движел кон грчките острови.
Безбедносен претставник истакна дека меѓу приведените се наоѓаат седум мигранти од Ирак и 25 мигранти од Авганистан.
Турција е главна рута за бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, особено по започнувањето на граѓанската војна во Сирија.