Orhan Onur Gemici
23 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција на истокот на земјата, со учество на 1.400 припадници на безбедносните сили, покрена антитерориситчка операција „Ерен-3 Арарат", јавува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција наведено е дека со цел неутрализирање на терористите на ПКК од регионот, покрената е операцијата „Ерен-3 Арарат", на подрачјето на планината Арарат, во близина на турскиот град Агри.
Наведено е исто така дека ова е трета операција под називот „Ерен", од кои првата е покрената на 11 јануари во дистриктот Тендурек.
Во операцијата учествуваат командоси на турската жандармерија, специјални единици на жандармеријата (JOH), специјални единици на полицијата (POH), вкупно 1.140 припадници на безбедносните сили.
Во текот на периодот на подолг од 30 години ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се жени, деца и постари лица.