Muhammet Emin Avundukluoğlu
26 Јануари 2021•Ажурирај: 27 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Парламентот на Турција денес го одобри продолжувањето на мандатот на турските сили кои служат во Аденскиот Залив, Сомалија и Арапското Море, јавува Агенција Анадолија (АА).
Парламентот го ратификуваше предлогот за продолжување на распоредувањето на силите до 10 февруари 2022 година.
Предлогот за распоредување на силите за првпат беше одобрен од Парламентот во 2008 година, а продолжуван е 13 пати.
Аденскиот Залив, кај Јемен и теснецот Баб ел-Мандеб, четвртиот најголем теснец во светот за транзит на нафта, е стратешка енергетска рута за суровата нафта од Средниот Исток.
Арапското Море и Сомалија се во непосредна близина на заливот и теснецот.