Esra Akgün
23 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
ГАЗИАНТЕП (AA) - Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск како и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс денес ќе го посетат бегалскиот камп во Газиантеп, на југоистокот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Кампот основан во 2013 година а се простира на 145.000 метри квадратни, а во него живеат 4.818 сириски бегалци. Од денот на основањето до денес во кампот се родени 363 деца. Од друга страна, речиси две илјади деца по потекло од Сирија посетуваат настава.
Давутоглу, Меркел, Туск и Тимерманс по посетата на кампот ќе се придружат на церемонијата по повод отворањето на програмата за помош на Турција и ЕУ на сириските бегалци што ќе се одржи на Универзитетот во Газиантеп.
Според податоците на Дирекцијата за итни и вонредни ситуации на Република Турција (AFAD) во кампот се наоѓа спортска сала, парк за деца, продавница и други објекти.
Турција до сега своите врати ги отвори за околу три милиони сириски бегалци, на кои им овозможи и бесплатно пружање на здравствени услуги. На згрижување на бегалците по стандардите на Обединетите нации потрошено е околу десет милијарди долари.