Sibel Uğurlu
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
МАРДИН (АА) - Припадници на терористичката организација ПКК, доцна синоќа, во оружен напад во југоисточната турска покраина Мардин убија едно, а ранија друго момче кои биле мета на нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите отворија оган во населбата Кизилтепе и тешко ранија двајца млади минувачи.
Ранетиот Ерџан Ѓултекин (28) починал на пат кон болницата, додека неговиот пријател М.А е хоспитализиран во Државната болница во Кизилтепе.
Убиениот Ѓултекин претходниот ден положил испит за надзорник во Полициската управа во Мардин.
Турските сили започнаа акција за пронаоѓање на терористите.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската Унија, а станува збор за група која веќе подлго од три децении води оружена кампања против Турција.
Своите терористички активности ПКК ги интензивираше во јули минатата година, а турските сили за безбедност од крајот на минатата година водат опсежни антитерористички операции ширум Турција и во северниот дел на Ирак. Досега во тие операции животот го изгубија над 600 припадници на турските безбедносни сили а убиени се над 7.000 терористи.