Diyar Güldoğan,Burcu Arik
01 Септември 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера изјави дека Турција ќе продолжи да го исполнува својот дел за праведно и трајно решение за кипарското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Овие коментари на министерот Чавушоглу беа изнесени за време на заедничката прес-конференција во Лефкоша, главниот град на Турската Република Северен Кипар, заедно со премиерот на Северен Кипар, Хусеин Озѓургун.
„Турција, како и секогаш, ќе ги поддржи кипарските мировни преговори“, рече Чавушоглу, додавајќи дека Турција внимателно го следи развојот на настаните во врска со кипарското прашање.
Разговорите за повторно обединување меѓу грчката и турската заедница на островот продолжија во мај 2015 година и се очекува да завршат до крајот на оваа година со формирање на федерална администрација.
Претходните преговори беа стопирани во октомври 2014 година, поради спорот околу експлоатацијата на гас.
Источниот медитерански остров е поделен на државата на кипарските Турци на север и на администрацијата на кипарските Грци на југ, по воениот удар во 1974 година, проследен со интервенција на Турција како гарант.
Од своја страна, премиерот Озѓургун рече дека Турција и Северен Кипар се две држави, но една нација.
Осврнувајќи се на неуспешниот државен удар во Турција, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, Озѓургун изјави дека Турската Република Северен Кипар ја смета групата за терористичка организација.
„Северен Кипар нема да толерира никаков негативен развој во нашата татковина, Турција“, рече тој, „бидејќи знаеме дека моќна Турција значи моќен Северен Кипар“.
По средбата со Озѓургун, Чавушоглу се сретна со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи.
„Ние ќе продолжиме да даваме поддршка за решението што ќе биде прифатливо и за двата дела (на островот)“, изјави Чавушоглу.
Тој изјави дека целта е да се обезбеди траен мир и решение: „Ние сме подготвени да направиме каков било придонес, вклучувајќи изградба на чекори и мерки за доверба“.
Акинџи рече дека оваа година ја одредиле како година за наоѓање решение. „Ова е целта за сите нас. Турција докрај ја поддржува оваа цел“, додаде тој.
„Заинтересирани сме за решение што е прифатливо од двете страни“, рече Акинџи.